За нас

Добредојдовте на едно поинакво инспиративно место, каде што имате можност вашата приказна да ја претворите во реалност. Само со еден единствен клик може да направите избор кој што ќе ве однесе во друг правец… во некоја друга посакувана приказна, патување…

Реални искуства

Научете повеќе со нашата платформа

Искусни тренери

Научете повеќе со нашата платформа

Квалитетни тренинзи

Научете повеќе со нашата платформа

Разбуди го свесниот лидер
во себе!

Животот е процес, развојот е опција.
Марина Анчевска Основач
Животот е неограничена игра. Во секој момент прави го тоа што најмногу те радува, со должно почитување и без никакво очекување.
Maja Ацески Основач

КОИ СМЕ НИЕ?

Платформата е формирана од група на ентузијасти кои што ја согледаа потребата да ги вмрежат сите оние кои што на свој уникатен начин допринесуваат за личниот и професионалниот развој на поединците и подигнување на свеста кај организациите за инвестирањето во нивните вработени. со цел да креираат настани, дебати, емисии и различни други активности.

Ние сме љубопитни ентузијасти кои веруваме дека преку лична надградба заедно можеме да креираме  општество во кое сите ќе сакаме да припаѓаме.

Нашата цел е да дадеме поттик за поинаков поглед на фукционирање, да покажеме поинаков начин на соработка. Ние веруваме дека конкурентноста е прекрасна можност за развој која што поттикнува креативност и овозможува друга перцепија на гледање на нештата. Се со цел да ја подигнеме свеста дека само преку соработка можеме да постигнеме колективни цели и отпочнување на едно заедничко ново патување како свесни лидери.

Платформата Trainings4All ги вмрежува сите оние организации и индивидуалци, кои што на свој уникатен и стручен начин допринесуваат за подигнување на свеста за потребата на надградување на личниот и професионалниот потенцијал.
Преку порталот сите оние кои што се дел од оваа платформа добиваат можност на лесен и едноставен начин да ја презентираат својата работа и со тоа да се вмрежат со нивни колеги, во Македонија и пошироко. 
Покрај вмрежувањето, платформата има за цел да ги класифицира сите понуди, да ја истакне професионалноста на тренинг центрите и тренерите, како и да понуди едноставност во барањето на било каков тренинг, обука или настан.

КОЈА Е НАШАТА ЦЕЛ?

Широк спектар на тренинзи

Друга цел на платформата е исто така на побарувачите, да им понуди еден широк спектар на тренинзи за личен и професионален развој и можност за споделување на искуства и вмрежување.


Платформата соработува и со бизнис секторот и ги следи нивните потреби. Преку организирање на разни настани платформата ја зголемува свеста кај организациите за инвестирање во вработените и со тоа допринесува за зголемување на свесното лидерство.

На поединците им нудиме голем избор на тренинзи кои што се достапни на пазарот.
Со едноставно пребарување и поединците и организациите можат брзо да ги добијат сите посакувани информации во врска со тренинг центрите, тренерите и нивните понуди.

 





Бидете дел од нашата приказна

Платформата нуди и разни можности и поволности за соработка и вмрежување.

Пополнете ја формата и ќе Ве контактираме!