Тренинзи

Сертифицирана обука за финансиски службеник

Investment-planner-1080×675
19
Ное, 2019
21.700 ден

Образовната програма за стекнување на квалификации за занимањето финансиски службеник е конципирана за  обука на кадри, кои ќе можат да обезбедат соодветна подршка на финансискиот менаџмент во процесите на финансиско работење, анализа и планирање во рамките на едно претпријатие. Оваа програма ќе им овозможи на учесниците стекнување на знаења, вештини и компетенции за:

  • Основна книговодствена евиденција;
  • Изработка на финансиски извештаи;
  • Извршување на пресметки и изработка на извештаи во доменот на сметководствено-финансиското работење со примена на техничко-технолошки алатки и компјутерски софтвер;
  • Подршка во процесот на финансиска анализа на работењето;
  • Подршка во процесот на финансиско планирање.

Во обуката се вклучени три модули:

I Модул: Сметководство;

II Модул: Excel за сметководители и финансиски аналитичари;

III Модул: Основи на анализа на финансиски извештаи и финансиско планирање.

Цена на обуката: 21.700,00 денари

Времетраење на обуката: 8-9 недели

Почеток: 2 декември

Термини: 3 пати неделно (понеделник, среда и петок од 17:30 до 19:00)

Кандидатите, кои успешно ќе ја завршат обуката, добиваат сертификат за стекнати знаења, вештини, способности и компетенции за професијата ФИНАНСИСКИ СЛУЖБЕНИК. Добиениот сертификат има статус на државна диплома.

Повеќе информации и пријавување на: https://casoviposmetkovodstvo.mk/course/обука-за-финансиски-службеник/.

Содржина

Времетраење: 9 weeks

Полето е празно.

Тренер

Мислења

0.0

0 мислења

5 star
0%
4 star
0%
3 star
0%
2 star
0%
1 star
0%